Ансамблот „Келтикум” со концерт пред Велешани

Во четврток на 22.08.2013 година, на Амфитеатарот во Младинскиот парк, во рамки на културната манифестација „Топол културен бран“, ансамблот „Келтикум” oвозможи прекрасна „Вечер на сефардски песни". Формиран 1997 година, ансамблот „Келтикум”, безмалку деценија и половина, настапувајќи главно на културните манифестации во земјава, се бави со истражување и негување на европската музичка традиција почнувајќи од Ирска, преку Франција, Португалија, Шпанија и се до Македонија. Синоќа велешани два часа уживаа овој уметнички проект што ја истражува сефардската музичка традиција и дава свое видување на оваа неизмерно богата звуковна ризница.