Се интензивира процесот на легализација на дивоградбите
Доделувањето решенија за веќе легализираните дивоградби во Општина Велес продолжува да се реализира со несмален интензитет. Од денес, уште 30 велешани се стекнаа со правото за законско користење на личниот имот кој и покрај тоа што со децении го уживале, сепак, не биле и негови вистински сопственици. Градоначалникот Славчо Чадиев денес на овие граѓани свечено им ги додели решенија со кои се легализираат нивните бесправно изградени објекти.
Во Општина Велес досега се легализирани повеќе од 1200 дивоградби, а од стапувањето на функцијата на градоначалникот Чадиев бројот на легализирани објекти изнесува повеќе од 150. Тој денес најави дека и во наредениот период исто така со забрзано темпо ќе се продолжи во овој правец како би се зголемила динамиката на решени случаи.
Исто така градоначалникот Чадиев ја искористи приликата и да упати апел до граѓаните кои кои немаат доставено елаборати за легализација на објектите истите да ги достават што е можно поскоро. Доколку ова не го решат граѓаните до месец Јуни 2014 година под знак прашалник ја ставаат легализацијата на нивните објект. Инаку во изминатиов период од донесувањето на зкаонот, Велешани покажаа голем интерес за оваа владина социјална мерка за докажување на сопственоста за нивните дивоизградени објекти со која на брз и едноставен начин за само 1 евро од м² им се овозможи на граѓаните да си обезбедат трајна сопственост над имотот.