Меѓународен турнир во одбојка на песок „Велес опен 2013”
На 24 и 25 август 2013 година во Велес се одржа Меѓународниот турнир во одбојка на песок „Велес Опен 2013", во организација на ОК „Борец-Брако” a под покровителство на Општина Велес. На турнирот учествуваа 14 пара, осум во машка и шест во женска конкуренција од Србија, Косово и Македонија. Во машка конкуренција победија Дејан Димовски и Игор Апел кој со 2:0 (13:20) ги победија Жарко Колев и Борјан Давчев. Третото место го освоија натпреварувачите од Косово, Арлинд Ибраими и Арменд Бериша. Во женска конкуренција победа однесоа одбојкарките од Косово, Вилдане Јашари и Назиме Ибраими. Тие беа подобри од Власта Ружиновска и Сандра Георгиевска со 2:1 (21:13, 18:21, 15:11). Третото место беше за Емилија Ивановска и Емилија Ефремовска. Од името на Општина Велес, наградите ги врачи претседателот на Советот, Александар Колев.