Градоначалникот Славчо Чадиев во посета на Општина Каршијака
Овие денови, по покана од Градоначалникот на Општината Каршијака во Р. Турција, г-динот Џевад Дурак, делегација од Општината Велес предводена од Градоначалникот Славчо Чадиев оствари работна посета на овој збратимен град. По срдечниот прием од страна на домаќините, средбата двата градоначалника ја искористија за продлабочување на соработката на двете општини пред се на полето на локалниот економски развој. За време на престојот во Р. Турција, градоначалникот Чадиев оствари средба и со Bihlun Tamayligil, генерален секретар на Републиканската народна партија (СНР) и пратеник во турскиот парламент.
И на овој состанок беа отворени повеќе прашања од областа на економијата, културата, образованието и други области во кои може да се промовира искрена и пријателска соработка. Во текот на посетата делегацијата се сретна и со исленици во Република Турција, а кои потекнуваат од селата Горно Врановци и Мелница. Во Општина Каршијака во моментов живеат околу 35.000 жители кои потекнуваат од овие краишта. Токму по нивна иницијатива беше и остварено збратимувањето помеѓу двата града. Општина Велес прави максимални напори овие врски да се прошируваат, да се негуваат и да се зголемуваат. „Паркот на пријателството” кој овие денови интензивно се гради во Велес, ќе биде траен доказ за таквата добра соработка помеѓу Велес и Каршијака.