Завршија манифестациите од проектот „Топол културен бран“

Концертот на тамбурашкиот оркестар „Равница“ се одржа на 27-ми август, на единствениот дождлив ден во ова лето во Велес. Тоа не и пречеше на публиката што ја сака оваа музика да го посети амфитеатарот на Макадинскиот парк. На 28-ми август беше последниот концерт во овој проект – концертот на македонската естрадна ѕвезда Кристина Арнаудова.