Бетонирање на крак од улица 11-ти Октомври
Денес (31.08.2013) започна бетонирањето на кракот од улицата 11-ти Октомври во близнина на споменикот на Алексо Демниевски Бауман. На овој дел од улицата кој преставува спој со улицата Никола Карев, живеат голем број на жители кои подолго време се соочуваа со проблем при пообилни врнежи од дожд. Со овој градежен зафат трајно им се излегува во пресрет на нивните потреби и се подобруваат условите за живот во овој дел од градот. Во наредните денови ќе се дозаврши бетонирањето на предвидената делница од трасата.