Работна средба со градоначалниците на општините Адалар и Динар

При неодамнешната посета на Република Турција, градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев оствари работна средба со Mustafa Farsakoglu, градоначалник Адалар, збратимен град со Велес. Средбата помеѓу двајцата градоначалници беше искористена и за договарање на понатамошни активности кои се во интерес на граѓаните, за продлабочување на економската соработката и креирање нови значајни проекти. Исто така на барање на првиот човек на Динар беше реализирана средба и со Saffet Acar, градоначалник на оваа општина. На средбата беа разменети важни информации за двете општини како и за работните искуства и идните предлози за понатамошна меѓусебна соработка на заеднички проекти.