Во Општина Велес започна новата учебна година

Денес (02.09.2013) со првото училишно ѕвонче отпочна новата учебна 2013/14 година. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев, во свое лично име, од име на Советот на Општина Велес и од името на сите граѓани на Велес, упати честитки за првиот училишен ден и на сите ученици им посака низа успеси во новата наставна година. Оваа година според работната агенда, градоначалникот ги посети учениците од ООУ„Васил Главинов“, ССОУ „Коле Неделковски” како и учениците во с. Сливник. На најмалите, на првачињата градоначалникот Чадиев им порача дека од денес училиштето е нивниот втор дом.

„Вие драги ученици започнувате да чекорите по еден долг пат по кој ќе Ве водат наставниците и вработените во училиштето. Ние сме тука тоа чекорење кон вистинските вредности да Ви го олесниме, да го направиме што позабавно и поудобно. Слушајте ги родителите и наставниците и учете. Од денес Ваш најголем другар и пријател е книгата. Таа ќе Ви ги отвори сите врати кон иднината и напредокот” – рече градоначалникот Славчо Чадиев. Инаку објектот на ООУ „Васи Главинов“ е првиот училишен објект на територијата на Општина Велес во кој е адаптирано и WC за инвалиди. Во рамките на посетата на училиштата за првиот училишен ден, топло добредојде им беше посакано и на првачињата и учениците во с. Сливник. Оваа година во ова училиште кое е дел од ООУ „Васил Главинов” се изградени и нови санитарни јазли. Тоа е само дел од напорите што заеднички со Министерството за образование, Општина Велес ги прави да за подобрување на условите за работа. Општина Велес уште еднаш на сите ученици кои денес ја започнаа школската година им посакува успешен почеток на школувањето. Овие ученици нека бидат генерација која ќе донесе многу меѓународни и државни награди на училиштата, генерација со која ќе се гордеат родителите, школите и општината.