Состанок со преставниците на бизнис секторот од Општина Велес

Градоначалникот на Општина Велес и пртестедател на Советот за развој на вардарскиот плански регион, Славчо Чадиев заедно со раководителот на Центарот за развој на ВПР, Марко Колев, денес остварија средба со преставниците на бизнис секторот во Општина Велес.  Една од целите на сотанокот е и обезбедувањето на поголема комуникација и соработка помеѓу бизнис секторот и општината преку воспоставување на механизми за подиректен пристап помеѓу засегнатите страни.

Од страна на бизнисмените беше поздравена иницијативата на градоначалникот и центарот за развој на вардарскиот регион за ваквата средба, воедно изразувајќи желба за континуирано одржување на состаноците од овој тип во понатамошниот период.

Средбата со преставниците на бизнис секторот се искористи и за проценка до каде се реализирани активностите во врска со целосната преадаптација и опремување на канцеларијата на Регионалниот бизнис центар сместена во просториите на поранешното Радио Велес.

Неговото функционирање најмногу би и служело како на бизнис заедницата од градот, така и на стопанствениците од целокупниот вардарски регион. Овој проект е дел од т.н. мрежа за инклузивен развој на Вардарски плански регион, а во рамки на проектот на УНДП ,,Локална акција за инклузивен развој“ – Програма за локален развој”.