Честитки по повод Рамазан Бајрам

ImageПо повод големиот празник Рамазан Бајрам, градоначалникот Аце Коцевски преку средствата за јавно информирање упати честитка до сите граѓани на Велес од Исламска Вероисповед:
Во свое  лично име, во име на Советот на Општината и во име на сите граѓани на Велес, на граѓаните од Исламска Вероисповед им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам со желба за добро здравје, мир,  радост и успех во животот. Посакувам овој голем празник да го зацврсти заемното почитување и соработката помеѓу сите граѓани без разлика на верската или етничката припадност. Во името на сите граѓани на Велес, ви посакувам година на љубов, разбирање и многу нови успеси  во прилог на придобивките за целата локална заедница.

По повод големиот празник Рамазан  Бајрам, во Општина Велес се одржа свечен прием на кој градоначалникот Аце Коцевски и претседателот на Советот на општината, Трајко Бабунски  се сретнаа со Муфтијата Муратин Ефенди Нијаз, Оџата Абдуљи Ефенди Бесим како  и со членови на Советот на Општината од Исламска вероисповед, претставници  на Партијата на Турците како и претставници на здруженија на граѓани и културно уметнички друштва.

На свечениот прием што се одржа во просториите на Општина Велес, градоначалникот Аце Коцевски и претседателот на Советот на општината, Трајко Бабунски на сите присутни претставници на граѓаните од Исламска вероисповед им упатија честитки по повод празникот  Рамазан Бајрам и воедно изразија задоволство од соработката и соживотот на граѓаните на Велес.

Image