Соработка со Агенцијата за рурален развој
На 04.09.2013 година, градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев присуствуваше на поставувањето на камен темелникот за изградба на мостот на Злетовска река кај селото Жиѓанци, во Општина Чешиново - Облешево. На почетокот од отпочнување со градежните активности за изградба на овој мост, присуствуваа и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, државниот секретар во Министерството за животна средина, Соња Лепиткова, како и градоначалниците на Пробиштип, Чешиново-Облешево, Зрновци, Карбинци и Македонска Каменица. Реализацијата на овој проект е како резултат на поддршката која Агенцијата за рурален развој ја дава во неколку општини низ републиката. Овој период како дел од оваа програма на агенцијата, во Општина Велес интензивно се работи на асфалтирањето на патот до с.Ораовец.