Почит за Алексо Демниевски - Бауман, Трајче Пингов и Никола Алтиев

Денес (06.09.2013) во Велес, Општинската организација на Сојузот на борците од НОАВМ одбележа 52 година од смртта на Алексо Демниевски – Бауман. По тој повод претставници на Општина Велес, АРМ и Сојузот на борците, подржувачи на делото и останати делегации на спомен обележјето со положување на цвеќе и едноминутно молчење му оддадоа почит на овој докажан борец за права и командант на 15 македонски корпус. Пред спомен плочата спроти гимназијата, денеска Сојузот на борците одбележа и 72 години од загинувањето на Трајче Пингов и Никола Алтиев.