Нека ни е честит и вековит 8-ми септември. Да живее Република Македонија!

Почитувани сограѓани

Од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес,  дозволете ми на сите граѓани да им го честитам 8-ми септември – Денот на незавиноста на Република Македонија. На овој ден, пред точно 22 години граѓаните на Република Македонија сосема храбро и одлучно се решија за своја сопствена, самостојна и суверена држава, остварувајќи ги вековните идеали на своите предци. Денес Република Македонија мошне смело и успешно чекори по својот трасиран пат. Нам, на сите граѓани ни преостанува да продолжиме да работиме за просперитетна и сигурна иднина на нашите деца. Сите заедно сплотени и обединети да ја возидигнеме Република Македонија во држава со кoja ќе се гордееме!
 
Нека ни е честит и вековит 8-ми септември. Да живее Република Македонија!
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес