Одбележување на 8-ми септември - Денот на независноста

Во рамките на одбележувањата на 8-ми септември – Денот на независноста на Република Македонија денес делегации на Општина Велес, Сојузот на борци на НОАВМ Велес, институции политички партии и граѓани од Велес, со положување на свежо цвеќе на спомен-костурницата и на споменикот на велешките илинденци во центарот на градот, почит им оддадоа на сите паднати борци за Македонија кои го остварија стремежот за слободна држава.