Ревијален натпревар во стрелаштво „Финале меч 2013“
По повод 8-ми септември - Денот на независноста на Република Македонија, Стрелачкиот клуб „Велес“ организираше ревијален натпревар „ФИНАЛЕ МЕЧ 2013" во спортско стрелаштво во дисциплините воздушен пиштол и пушка меѓународна програма категорија мажи и жени .Со овој турнир Стрелачкиот клуб „Велес“ за прв пат во Македонија ги прикажа и во пракса спроведе новите правила на ISSF –пукањето на финале, а резултатите постигнати на турнирот ја покажаа големата желба на стрелците да бидат во тек со најновите збиднувања во стрелачкиот спорт. Во знак на признание за постигнатите резултати и афирмацијата на стрелачкиот спорт во државата Стрелачкиот клуб „Велес“ на Оливера Наковска Бикова и додели посебна награда. На ревијалниот натпревар „ФИНАЛЕ МЕЧ 2013" се постигнаа следниве резултати:
ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ ЖЕНИ
1.Лидија Крстеска 194,2 круга
2.Оливера Наковска Бикова 189,5
3.Натка Лазарова Симовска 168,2
ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ МАЖИ
1.Андоноски Гоце 192,7
2.Бранковски Борјан 188,5
3.Костадиноски Живко 162,7
ВОЗДУШНА ПУШКА ЖЕНИ
1.Балабан Нина 204,1
2.Алексовска Ангела 191,5
3.Стојаноска Ангела 168,1
ВОЗДУШНА ПУШКА МАЖИ
1.Драгослав Кудрановиќ 189,0
2.Мартин Гоџо 180,5
3.Кирил Миленкоски 158,9