Турнир во тенис „Велес Опен 2013”
Викендов во Велес се одржа петото издание на традиционалниот турнир во тенис „Велес Опен 2013”. На игралиштето во градскиот парк се собраа најдобрите тенисери од градот, вкупно 12 во сениорска конкуренција, а петтиот победник е младиот Филип Раковски. Тој во дваиполчасовна борба го совлада Баже Џајков со 2:1 ( 7:5, 4:6, 4:6). Финалните резултати од петиот по ред турнир „Велес Опен 2013” се следните:
Сениорски тенис :
1.Раковски Филип
2.Џајков Благој
3.Зафиров Ѓоре и Тоше Темелков
Портокалов тенис:
1.Баже Ѓоргиевски
2.Кире Тасев
Црвен тенис:
1.Матеј Жаров
2.Бојана Тодоровска
Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев на победниците на турнирот и на останатите учесници, свечено им ги додели наградите и дипломите за учество.