Одбележани 71 година од масакрот на Пуста Кула

Во организација на ОО на СБМ – Велес на 14 септември беше организирано одбележување на 71 годишнината од масакрот на Пуста Кула. Спомен обележјето покрај организаторите на настанот го посетија делегација од Општина Велес, членови на семејствата на невините жртви и граѓани oд Велес. Сеќавање на овој немил настан од историјата на Велес изнесоа членови на боречката организација.