„Македонија сурфа“ во Велес
Промотивниот караван насловен како „Македонија сурфа“ во организација на проектот е-Влада во соработка со други проекти финансирани од Американската Агенција за меѓународен развој УСАИД, MDW, Македонија се поврзува и e-Biz го посети Велес. Во периодот од 12 до 16 часот на 24 октомври на паркингот пред Основниот Суд во Велес беше поставена платформа со компјутери поврзани на Интернет кои беа достапни на посетителите и со помош на инструктори посетителите имаа можност да сурфаат на Интернет, да отворат сопствена e-mail адреса, како и да се информираат за поголем број на е-Владини апликации развиени од проектот е-Влада со цел да бидат од корист на Македонското општество.
Настанот беше посетен од поголем број граѓани на Велес од различни генерации пред кои беа презентирани елктронските услуги и поволностите на Информатичко комуникациската технологија. Меѓу другото, граѓаните можеа да ја посетат и веб страницата на Општина Велес. Проектот е-Влада донираше половни комјутери во Пензионерскиот клуб во Велес и на најсреќниот посетител на настанот, жител на Општина Велес.