Се гради ново спортско игралиште во близина на општинската зграда

Oвие денови интензивно се работи на изградба на спортско игралиште на улицата Методија Андонов – Ченто во близина на зградата на Општина Велес. По уредување на подлогата на игралиштето, ќе се премине на поставување на соодветна опрема за изведување на спортските активности, а останатиот простор ќе биде и партерно уреден. Целокупниот простор кој опфаќа повеќе од 400 м2 ќе претставува пријатно место одмор и рекреација на граѓаните од оваа населба кои овде ќе можат да го поминуваат своето слободно време.