ССОУ „Коле Неделковски” победник на натпреварот по готварство

Во периодот 26 – 27 . 09. 2013 во организација на С.О.У. „Наум Наумоски Борче“ – Крушево се одржа вториот Училишен државен натпревар по готварство за средни угостителски училишта од Р. Македонија. Учество во натпреварот, како минатата, така и оваа година земаа и учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ од угостителската насока, поточно од образовниот профил „готвач“, и тоа во во екипно натпреварување со две групи во веќе проверен состав:

 

Тим 1
- Анес Алидини – 4 година
- Виктор Карастојанов – 4 година
- Даниел Пешовски – трета година

 Тим 2
 - Василија Илиевска – 4 година
 - Ангела Делова – 3 година
 - Харис Алидини – 3 година

Тимовите работеа под менторство на наставникот Руска Ајтова, која и овој пат своето искуство и познавање несебично го сподели со нив и успеа да им ја пренесе на учениците онаа магија што „се топи во уста“. Тимовите се натпреваруваа во категорија: „Подготовка на мени од три јадења“ - (предјадење, главно јадење и десерт).

Во конкуренција на пет угостителски училишта од Р. Македонија нашите тимови освоија неколку награди: Тимот 2 го освои златниот медал, додека Тимот 1 го освои сребрениот медал.

Она што мора да се истакне во овој натпревар е што за прв пат беше доделена специјална награда – самостојна и независна од оние тимските. Имено, ученикот Анес Алидини освои награда за најдобар десерт на натпреварот. На овој ученик дури и главниот во жирито стана, срдечно му подаде рака и му честиташе за прекрасно изработениот десерт, што беше „круша во црвено вино со сос од авокадо и крем патесери“.