Фармацевтите од Велес во служба на граѓаните

ImageНа 25.10.2005 година во Општина Велес се одржа средба  на раководителите од ПЗО од фармацевската дејност организирана од Градоначалникот Коцевски и претставник на Советот на Општина Велес – д-р Блажо Атанасов. Цел на средбата беше обезбедување континуирано снабдување со лекови на граќаните од Велес во текот на 24 часа.

На средбата присуствуваа претставници од Градската аптека и аптеките „Маклек 4“, „Хипократ“, „Велфарм“, „Зегин“, „Фармација К“, „Жива фарм“, „Вива“ и „Реплек“.
    

На состанокот беше укажано, по што и се донесоа заклучоци за

  • задолжително почитување од страна на аптеките на одредбите од член 20, став 1, алинеа 4 од Договорот за снабдување на осигурениците со лекови од позитивната листа што се издаваат на товар на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.
  • Обезбедување ноќна смена во сите денови во аптеката со определување дежурна аптека.
  • Бројот на дежурствата на аптекити да се утврди согласно квотата лекови од позитивната листа што ја добива аптеката. Распоредот на дежурствата да се направи со посебен договор потпишан од сите ПЗО.

Се очекува следната средба да се одржи на 1.11.2006 година со присуство на раководителот на ПЕ на Фондот за здравство и здравствено осигурување. Во колку не се постигне договор, Општината проблемот ќе го издигне на повисоко ниво.