Министерот за странски инвестиции Бил Павлески во посета на Велес

Денес (04.10.2013) во работна посета на Општина Велес присуствуваше Министерот за странски инвестиции без ресор во владата на Република Македонија, Бил Павлески. Средвата со градоначалникот Славчо Чадиев беше искористена за разгледување на социо-економска положба во општината, целокупната слика во стопанството како и можностите за привлекување на странски инвеститори во Велес. Посетата двајцата соговорници заедно со стручни лица од министерството и локалната самоуправа ја искористија и за разгледување на неколку локации погодни за создавање на нови индустриски зони, како основа за привлекување на инвестиции и забрзан локален економски развој.