62 години - Слободен Велес
Одбележување на 62-та годишнина од Ослободувањето на Велес и Денот на Општина Велес
Во чест на 62-та годишнина од ослободувањето на Велес и Денот на Општина Велес, на 9-ти и 10-ти ноември годинава, Општина Велес организира голем број на настани и манифестации. Во рамките на програмата за одбележување на Денот на општината, во употреба ќе бидат предадени новата сала за венчавање со ликовен салон, ќе биде отворена изложба од втората сликарско-резбарска колонија „Папрадишки мајстори“, свечено ќе биде предаден во употреба Граѓанскиот сервис центар во општината, реконстрираните куќи на Џинот и Касапови и Клубот за стари лица во Домот на пензионери.
По повод 9-ти Ноември, Советот на Општина Велес ќе одржи свечена седница на која ќе бидат промоворани химната, заштитниот знак и маскотата на Општина Велес. На свечената седница на Советот на Општината, на спортистите Пепи Манасков и Тодор Мијаков - Кошот ќе им биде доделена наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2006 година. На седницата ќе бидат доделени и деветоноемвриските признанија на добитниците за 2006 година:
Спомен-плакета 9-ти Ноември
Благодарница 9-ти Ноември
Пофалница 9-ти Ноември
-Општинско средно стручно училиште „Јовче Тесличков“ Велес
-Трговско претпријатие „Снупи“
Благодарница 9-ти Ноември
-Семејството на Перо Коробар
-Програма за развој на Обединетите Нации – УНДП
Американска агенција за развој – УСАИД
Пофалница 9-ти Ноември
-Андријана Димитриевска – пијанист
-М-р Јулијана Папазова Жабева – пијанист
-Зоран Љутков – актер
-Гордана Митова-спортист
-Здружение на родители на деца заболени од церебрална парализа
Во рамките на одбележувањето на Денот на Општината, на 10-ти ноември, во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ на актерот Благоја Спиркоски –Џумерко ќе му биде врачена актерската награда за животно дело „Петре Прличко“.