Општина Велес дел од акцијата „Македонија без отпад 2013”
Општина Велес денес (05.10.2013) се вклучи во националната еколошка акција за расчистување на отпадот од јавните површини наречена „Македонија без отпад 2013”.Акцијата беше реализирана со цел да се исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места и да се зголеми свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да се развијат механизми за поддршка на граѓаните, општините и други засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници.
По тој повод, Општина Велес се вклучува во националната акцијата со генерално чистење на населбата Отовица. Исто така во рамките на акцијата, свое учество земаа и сите основни и средни училишта од Општина Велес, преку организирање и спроведување на еколошки секции од страна на наставниците и учениците. Во рамките на акцијата беа исфрлени околу 100 м3 отпад од неколку локации на територијата на МЗ Отовица.
Со решавање на долгогодишниот проблем со отпадот на оваа локација ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, ќе се растерети животната средина од отпад и ќе заштити рекреативниот центар “Езеро Младост” кој е во непосредна близина. Инаку согласно Планот за воведување на услугата собирање и транспортирање на отпад во руралните средини кој е усвоен од Советот на Општина Велес, започнувајќи од 01.11.2013г. во населбата Отовица за прв пат ќе се воведе и организирано собирање на отпад од страна на ЈКП “Дервен”.
На денешната акција свое учество зема и градоначланикот на Општина Велес Славчо Чадиев кој го искористи моментот да упати апел до сите жители за посовесно постапување со отпадот и за поголема грижа кон животната средина. Акциите „Ајде Македонија„ и „Македонија без отпад 2013” нека бидат мотивација и позитивен пример за тоа како треба во иднина да се постапува со отпадот и со животната средина воопшто. – истакна градоначалникот Чадиев.