Министерката за култура во посета на Oпштина Велес

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денес (05.10.2013) оствари работна посета на Општина Велес. При посетата таа оствари и средба со градоначалникот Славчо Чадиев, претседателот на советот Александар Колев и директорите на Народниот театар, Градската библиотека и Народниот музеј, со кои разговараше за повеќе тековни проеки од областа на културата во соработка на централната и локалната власт.