Започна поплочувањето на дел од ул. Саревска и ул. Костадин Бодин

Денес (08.10.2013) започнаа активностите за поплочување на дел од улицата Сараевска и дел од улицата Костадин Бодин во должина од околу 200 метри. Со овој градежен зафат трајно им се излегува во пресрет на потребите на жителите од овие улици, а ќе се подобрат и условите за живеење во овој дел од градот. Средствата за овој градежен зафат ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Велес.