OOУ ,,Васил Главинов’’ дел од акцијата ,,Македонија без отпад 2013’’
Оваа година ООУ „Васил Главинов“ се приклучи во реализација на проектот „Македонија без отпад 2013“ кој се имплементира од страна на Министерството за животна средина и Асоцијацијата на граѓански организации „Ајде Македонија“ со поддршка од страна на Министерството за образование и наука. За таа цел на ден 4.10.2013г. (петок) во училиштето се изведоа низа акции во кои зедоа активно учество учениците, наставниците и техничкиот персонал. Се изведоа акции за собирање на отпад, селекција и рециклирање на отпадот, копање на компостер во дворот на училиштето, чистење на училниците како и работилници во кои се твореше на тема „Екологија“. Очекувањата се дека преку овааа акција ќе се поттикне и свеста за здрава и чиста околина на живеење како на учениците така и на сите останати. Акцијата продолжи и во соседните згради. Голема благодарност за сите учесници во еко- проектот кои со својот активизам придонесоа успешно да се реализираат поставените цели.