Првачињата од Општина Велес положија заклетва

Во рамките на Детската недела денес во сите општински основни училишта се одржаа свечености по повод зачленувањето на првачињата во Светската детска организација. Со читање на заклетвата, добивање детски пасош во кој се забележани правата и обврските на членовите и со добивање на беџови - денес 550 првачиња станаа дел од најголемата организација во светот во која членуваат се до својата 18-та година. Првачиња среќно!