11-ти октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ
Општина Велес и Општинската организација на Сојузот на борците од НОАВМ Велес денес свечено одбележаа 72 години од востанието на македонскиот народ. Манифестацијата се одржа на Спомен-костурницата каде што бројни делегации со едноминутно молчење и положување на свежо цвеќе им оддадоа почит на загинатите борци. Учениците од „Гимназијата Кочо Рацин” ги потсетија присутните на случувањата во Втората светска војна, а по подолго време на Спомен Костурницата се слушна и хорско пеење. Ученици во живо ги исполнија химните на Република Македонија и на Општина Велес.