Се реконструира патниот правец Велес - Кадрифаково
Започна реконструкција на делницата Велес Кадрифаково. Прва од трите фази на градежни работи кои треба да ја подобрат патната инфраструктура која источна Македонија ја поврзува со метрополата. „Ќе се менува комплет горниот дел од асфалтот до велешката депонија и секако ќе се рехабилитира и проширува низ населените места Лозово и Сарамзалино“, рече Љубчо Ѓеоргиевски, директор на ЈП Државни патишта. Покрај новиот асфалт и сообраќајната сигнализација коловозот ќе биде проширен. Делницата ќе биде широка 11 метри и ќе има четири сообраќајни ленти.
„Вкупната инвестиција планираме да чини околу 15 милиони евра , втората и третата фаза вклучително со првата изнесува 24 километри“, рече Ѓеоргиевски. Со сите овие градежни работи на овој патен правец значително ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот. Тој досега важеше за патен правец со најмногу црни точки, или делница на која во последните три години се случиле 227 сообраќајни незгоди а 13 лица го загубиле животот,
Овој патен правец е изградена пред педесет години, просечниот годишен дневен сообраќај е околу 500 возила. По завршување на градежните работи, во наредните 15 години Државата значително ќе ги намали финасиските средства потребни за одржување на фрекфентна делница.
превземено од www.lisica.mk