Активности (Понеделник, 14.10.2013)

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денес од лице место ги следеше активностите за поплочување на дел од улицата Сараевска и дел од улицата Костадин Бодин во должина од околу 200 метри. Инаку со овој градежен зафат трајно ќе им се излезе во пресрет на потребите на жителите од овие улици, а ќе се подобрат и условите за живеење во овој дел од градот. Средствата за овој градежен зафат ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Велес.