Став на Општина Велес во врска со дислокација на бистите
Бистите што во изминатиот период ги поставувала Боречката организација на јавните површини во Општина Велес беа оштетени, украдени или целосно уништени. ОО на СЗБ од НОВ се обраќаше до Општина Велес во повеќе наврати со барање да се утврди локација и да се постават на едно место сите бисти на народни херои и првоборци од Општината. Комисија составена од членови на Боречката организација како најповолна ја посочи Спомен-костурницата затоа што и коските на дел од боците се наоѓаат во неа. На оваа локација ќе се изгради алеја на хероите, општината ќе ги санира оштетувањата на бистите и ќе излие нови на местото на украдените. Во нацрт програмата за култура за 2014 година се предвидуваат средства за оваа намена.
Општина Велес иако не е сопственик на овие спомен-обележја, бидејќи тие се сведоштво на едно херојско минато на нашиот народ, го прифати барањето на Боречката организација да ги дислоцира, санира и заштити спомен-обележјата сметајќи дека на тој начин директно се заложува за негување и сочувување на историските вредности. (Во прилог ви го доставуваме барањето испратено на 17.05.2013 година)
Инаку на вчерашната седница Советот на Општина Велес донесе одлука за дислокација на спомен-обележјата и секој што чувствуваше потреба да даде свое мислење по овој документ или да учествува во расправата по него, можеше да го стори тоа на самата седница без оглед дали е член на Советот на Општина Велес или граѓанин на Велес.
Со почит,
Општина Велес