Градоначалникот направи увид во „Паркот на пријателството"
Денес (19.10.2013), градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев направи увид на активностите во „Паркот на пријателството" чиј интензитет од ден на ден се зголемуваат. Реализацијата на овој проект е во знак на пријателството помеѓу збратимените градови од Турција, Каршијака и Адалар. И во едната и во другата општина живеат македонски иселеници. Голем дел од овие граѓани кои го креираат економскиот и политичкиот живот на Турција по потекло се од овие краишта. Ова е основниот мотив што тие во своето родно место инвестираат во изградба на парк, за да не се заборави, да се даде благодарност кон родната земја, но и да се нагласи пријателската димензија на Турција и Македонија.