Честитки по повод 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба
Почитувани сограѓани
Дозволете ми од мое лично име, од името на Советот на Општина Велес и од името на сите граѓани на Општина Велес да Ви го честитам денешниот јубилеј што го бележи македонската историја – 120 години од Денот кога Мекедонците пристапија на организирање револуционерно движење што ќе ги поведе во борба за слобода, борба за Македонија.
Општина Велес од секогаш била и ќе остане достоен следбеник на големите Македонци. Гордо, со достоинство и љубов ќе ја раскажува историската приказна што веќе е легенда за своите синови. Уште повеќе што најголемото јадро на хероите потекнува од тука – од Велес и велешко.
Овде во Велес децата ја знаат историјата на својот народ затоа што ние возрасните им ја раскажуваме. Така нека биде и во иднина. Дали низ песна, дали низ приказна, филм или историски час продолжуваме да му покажуваме на светот колку не има, од каде сме, чии сме. А не има доволно да направиме завет, за бурите да не можат да не оддуваат.
Нека е честит 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба.
Да живее споменот за хероите!
Да живее Велес!
Да живее Македонија!
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес