Јавни-расправи по нацрт-програмите за работа на општината во 2014

На 24.10.2013 година во големата сала на општината се одржаа јавните расправи по нацрт-докуентите на Општина Велес за 2014 година. Овие јавни распарави беа наменети за преставнциите од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, здруженија на граѓани и фондации, преставници на урбаните и месните заедници и за сите останати граѓани. Сите присутни имаа можност да ја проследат презентацијата на нацрт-програмите на Општина Велес за 2014 година, а Градоначалникот на Општина Велес, советниците и администрацијата ги слушнаа и забележаа изнесените предлози и сугестии. Притоа ќе бидат разгледани следниве нацрт-програми:

 

 • За уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2014 година.
 • За изработка на урбанистички планови во Општина Велес во 2014 година.
 • За активностите на Општина Велес во областа на локалниот економски развој во 2014 година.
 • За активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија (ИТ) во 2014 година.
 • За активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2014 година.
 • За активностите на Општина Велес во областа на културата во 2014 година.
 • За активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2014 година.
 • За активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2014г.
 • За активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2014 година.
 • За активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2014 година.
 • За активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2014година.
 • За активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управувањето со кризи во 2014 година.
 • За активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста и меѓународната соработка во 2014 година.
 
Ваквото транспарентното и отчетно презентирање на трошењето на буџетските пари е значаен дел од развојот на локалната демократија.