Чешкиот амбасадор Мирослав Рамеш во посета на Општина Велес
Успехот на двајца велешки ученици денес беше повод за чешкиот амбасадор Мирослав Рамеш да ја посети Општина Велес и лично да им ги врачи наградите на наградените ученици од меѓународниот детска ликовна изложба „Лидице“ 2013. Инаку, амбасадата на Република Чешка во месец Мај оваа година го реализирашше детскиот меѓународен натпревар на кој со свои ликовни дела учествувале и велешките ученици од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и ООУ „Васил Главинов” кои со своите дела успеале да се вбројат меѓу најдобрите учесници.
Стефан Александриски и Боби Стојановски во конкуренција од 24 500 авторски дела на ликовни творци од 68 земји успеаја да се закитат со медали на оваа значајна изложба. Амбасадорот Рамеш доделувајќи ги наградите на учесцниите им го честита постигнатиот успех посакувајќи им да продолжат да сликаат и да постигнуават уште поголеми резултати. На приемот во Општина Велес, градоначалникот Славчо Чадиев од негово име и од името на Советот на Општина Велес на Стефан и Боби им го честита неверојатниот успех – освојувањето на една од дваесетте медаљи што ги доделува Република Чешка. Тој упати честитки и до родителите на учениците како и до нивните ментори кои воедно беа најгорди на освоените награди.
На крајот од средбата градоначалникот Чадиев на амбасадорот на Република Чешка му се заблагодари за присуството и посетата на Општина Велес, притоа истакнувајќи ја важноста од продолжување на соработката на културен и економски план.