Изложбата „Убавините на љубовта“ пред велешани

Изложбата на слики, скулптури и графики, насловена како „Убавините на љубовта“, која е дел од интернационалниот ликовен караван „Сета таа убавина“ во организација на Тихомир Кондев, денес беше претставена пред велешани. Во Ликовниот салон беа претставени 22 автори од вкупно 30 учесници на манифестацијата, а кои доаѓаат од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Унгарија, Германија и САД. По Велeс ликовниoт карван ќе ги обиколи Скопје, Белград, Нови Сад, Бостон, Детроит и Њујорк.