Средба со граѓани од УЗ „Алексо Демниевски Бауман”

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денес ја посети урбаната заедница „Алексо Демниевски – Бауман” и оствари средба со граѓаните од овој дел на градот. Средбата започна во 18.30 часот и се одржи во просториите на урбаната заедница. Целта на средбата е жителите од оваа урбана заедница да ги изнесат приоритетите и проблемите со кои тие се соочуваат но исто така и да се запознаат со проектите кои општината во иднина планира да ги реализира во оваа населба, во рамките на програмите за работа на Општина Велес во 2014 година.

Во наредниот период градоначалникот и претседателот на Советот вакви посети ќе остварат на сите урбани и месни заедници во општината. Тие се особено значајни за непосредната комуникација на жителите со локалната самоуправа. Притоа на овој начин се создаваат и повеќе можности за спроведување на оние проекти со кои директно се подобруваат условите за живеење на сите граѓани.