Општина Велес отвори Граѓански сервис центар
Едношалтерскиот систем како приоритетна цел во заложбите за подобрување на услугите за граѓаните, за Општина Велес стана реалност. Граѓанскиот сервис центар лоциран во зградата на општината, свечено беше отворен по повод 9-ти Ноември денот на Општината.
Во рамките на свеченоста за значењето на квалитетните, ефективните и ефикасните услуги за граѓаните говореа Џилиен Миловановиќ, Амбасадор на САД во Република Македонија, Аце Коцевски градоначалник на Општина Велес и Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македонија. Во Граѓанскиот сервис центар граѓаните на Велес ќе имаат можност да ги добијат сите услуги на едно место.
Во рамките на центарот ќе работи и претставник на Стопанската Комора на Македонија во прилог на интензивирањето на локалниот економски развој. Проектот Граѓански сервис центар со 29.000 долари го поддржа Американската агенција за меѓународен развој УСАИД.