Состанок на претседателите на Советите на општините од ВПР
На ден 28.10.2013 во просториите на Општина Велес се одржа состанок помеѓу претседателите на Советите од општините кои се во рамките на Вардарскиот плански регион. Состанокот го отвори претседателот на Советот на Општина Велес, д-р Александар Колев кој на почетокот ја истакна потребата од меѓусебна соработка на претседателите и членовите на советите од овој регион. Потоа даде информација за одржаниот состанок на Комитетот на Советите, орган при ЗЕЛС и произлезената потреба за избор на преставник во ова тело. Исто така на претседателите на советите им беше презентиран и Статутот на ЗЕЛС во однос на работата на Комитетот.
По дискусијата на која сите присутни ја нагласија потребата од понатамошна соработка, едукација и идни обуки во однос на функционирањето на советите, се премина на предлагање и гласање за преставник во комитетот. Од страна на сите присутни за преставник беше предложен претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев. Овој предлог беше едно гласно усвоен, по што избраниот преставник во Комитетот на Советите се заблагодари за довербата и посака успех во понатамошната заедничкар работа.