Свечено пуштен во употреба Паркот на пријателството
На 01.11.2013 година свечено беше пуштен во употреба Паркот на пријателството, кој треба да ги симболизира нераскинливите врски помеѓу македонскиот и турскиот народ и добрата соработка помеѓу Велес и Каршијака. Новоизградениот парк е донација на збратимената општина Каршијака од Република Турција, каде што живеат повеќе од 30.000 граѓани кои потекнуваат од овие краишта. На церемонијата градоначалникот Славчо Чадиев и градоначалникот на Каршијака Џевад Дурак, истакнаа дека соработката на двете општини и двата народи продолжува во иднина на планот на културата, спортот и економијата, за што веќе има создадено и соодветни предуслови.