Велес доби нов ликовен салон и сала за венчавање

ImageПо повод Денот на Општина Велес 9-ти Ноември свечено беше предаден во употреба новиот ликовен салон со сала за венчавање. На свеченоста на која присуствуваа голем број гости од дипломатските претставништва, меѓународната заедница и збратимените градови на Велес, новиот ликовен салон го предаде во употреба градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски.

Image„Овој миг долго го очекував. Шест години, период во кој сум градоначалник на Велес, заедно со сите граѓани на општината, мечтаев Велес да добие Ликовен салон и сала за венчавање“, рече меѓу другото Коцевски. Салата за венчавање ја благослови Митрополитот Повардарски, господин Агатангел. Во рамките на свеченоста  градоначалникот Коцевски  ја отвори и изложбата  на 22 дела од 15 уметници учесници на втората сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“. Првата уметничка поставка во новиот ликовен салон содржи слики, копаници, уметнички фотографии и скулптура што ги создадоа  авторите од Македонија, Србија, Бугарија и Велика Британија кои годинава учествуваа на колонијата во Папрадиште.
 
 
 
Image
 
Image