Заврши 31-от општински противпожарен квиз натпревар
Под покровителство на градоначалникот на Општина Велес, м-р Славчо Чадиев, а во организација на Општинскиот противпожарен сојуз денеска во Велес се одржа 31-от општински противпожарен квиз натпревар. На натпреварот учествуваа ученици од основните и средните училишта од градот. Во конкуренција на ученици од основните училишта најдобри резултати постигнаа учениците на ООУ „Блаже Конески“,.Второто и третото место им припадна на учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и ООУ„Ј.Х.К. Џинот“.
Кај средношколците максимален број на поени добија учениците од ССОУ „Коле Неделковски“, а веднаш по нив се претставниците на ССОУ “Димитрија Чуповски“ и Гимназијата „Кочо Рацин“. Првопласираните екипи ќе ја претставуваат Општина Велес на Регионалниот квиз натпревар за противпожарна заштита. Солидната организација на натпреварот и добрата подготовка на учесниците беа збогатени со музички настапи на учениците од ССОУ „Димитрија Чуповски“.