Тркалезна маса со работници од областа на спортот
На ден 05.11.2013 година во Општина Велес се одржа тркалезна маса со работници од областа на спортот на која што беше разгледана Нацрт-програмата за култура во 2014 година. Средбата ја отвори заменик-градоначалникот др. Горан Јовиќ кој пред присутните ја истакна важноста од една ваква презентација на идните планови на општината. Ваквиот нов начин на презентација на програмите е значаен момент во насока на транспарентно и отчетно работење но и во насока на зајакнување на партнерството кое што локаланата самоуправа го има со работниците од доменот спортот.
Од страна на општинската администрација целосно беше презентирана Нацрт-програмата за 2014 година по што се отвори дискусија во која присутните ги изнесоа своите размислувања и ставови во врска во однос на програмата и во однос спортските активности во градот. Тркалезна маса од овој тип ќе се одржи и со преставниците на бизнис секторот од градот.