Реакција на пресконференција на СДСМ од 05.11.2013 година
Во интерес на вистината, Општина Велес е должна да се прозинесе во врска со текот на одржувањето на 11-тата седница на Советот на Општина Велес. Имено на седницата на Советот одржана на 04.11.2013 година од страна на членови на советничката група на СДСМ беа поднесени повеќе амндмани на повеќе точки од дневниот ред. По пристигнувањето на амандамните до Претседателот на Советот истите беа доставени до рабтните тела за нивно проучување согласно Деловникот на Советот на Општина Велес. Имено, Деловникот е многу јасен во однос на изготвувањето на амандманите.
Член 164 е недвосмислен и гласи: Амандманот мора да биде образложен. Член 166 став 2 исто така: Амандманот на предлогот на одлука, претседателот на Советот го доставува и на Комисијата за Статут и прописи, за да го проучи и на Советот даму достави извештај. Врз основа на овие две одредби, Комисијата за статут и прописи ги разгледа предложените амандмани од членови на советничката група на СДСМ и оние кои не беа во согласност со одредбите на Деловникот т.е не беа уредно изработени согласно член 164 и во себе не ја содржеа формата по која треба да бидат изготвени, беа наведени во извештајот на Комисијата. По предлог на претседателот беше предложно донесување на заклучок за усвојување на доставениот извештај од Комисијата. Со самиот факт што Комисијата за статут и прописи укажува на неусогласеноста на амандамните со Деловникот, станува беспредметно нивното разгледување на седница на Советот. Останатите амандмани кои беа во согласност со прописите беа забележани во извештајот и за тие Советот отвори расправа, но предлагачите самоинциијатвно ги повлекоа. Општина Велес докрај останува на принцпите во работењето кога се во прашање законските одредби. Тоа било пракса во изминатиот период, а ќе продолжи да се спроведува и во иднина, без притоа да постои било каква селективност.