Комплетно е исчистена депонијата во населеното место Отовица
Согласно Планот за воведување на услугата во руралните средини на територијата на Општина Велес, од 04.11.2013г. започна собирањето на отпад во населените места Отовица, Сујаклари и Раштани. Бидејќи оваа услуга се воведува за прв пат се изврши евидентирање на корисниците на услугата и евидентирање на постојните диви депонии во населените места настанати заради непостоење на услови за граѓаните соодветно да постапуваат со отпадот.
Комплетно е исчистена депонијата во населеното место Отовица, која беше лоцирана на суводолица и претставуваше опасност да предизвика загадување со одведување на отпадот до акумулацијата Езеро Младост при поголеми атмосферски влијанија. До крајот на годината ќе се санираат и дивите депонии во населените места Сујаклари и Раштани. Општина Велес и ЈКП Дервен продолжуваат со активности за проширување на подрачјето каде е воведена услугата, со што ќе се овозможи подобра контрола, подобро управување со отпадот и заштита на животната средина.