Тркалезна маса со преставници на бизнис секторот од градот
На 06.11.2013 година во просториите на Општина Велес се одржа третата по ред тркалезна маса овој пат со преставници на бизнис-секторот од градот. Тема на состанокот беше презентација на нацрт-програмите за работа на општината во 2014 година. На присутните им беа презнтирани нацрт-програмите за локален економски развој, градежно земјиште, урбанистичко планирање, информатичка технологија и заштита на животната средина. Овој нов и транспарентен начин на презентирање на идните планови за работа на општината ги поттикна бизнисмените активно да се вклчуат во дискусијата, претставувајќи ги своите размислувања и предлози за идните активности, пред се на полето на економскиот развој. По ова следи и изготувањето на предлог-програмите за работа на општината во 2014 година кои ќе бидат доставени на разгледување до Советот на Општина Велес.