Нека е честит и вековит Денот на Општината 9-ти Ноември
Почитувани,
9-ти Ноември го празнуваме како роденден на градот со 23 вековна историја.9-ти Ноември е денот посветен на сите велешани што се вградиле во неговите темели како борци за сопствениот јазик и култура, борци за свој територијален интегритет, за сувереност и независност. 9-ти Ноември е сублимат на сите буни и востанија, интелектуални и оружени револуции, празник на кој се поклонуваме на хероите и нивните семејства, на борците и нивните поколенија. Овој ден не прави горди и свои. Затоа со иста должна почит да се заблагодариме и на Илинденците и на борците против фашизмот, и на последната генерација херои од 2001 и по неа.
Ние остануваме со љубовта кон својот град и Република Македонија, да го чуваме суверенитетот и независноста, името и делото, културата и традицијата и со иста енергија да го пренесеме на нашите наследници – идните генерации велешани.
Се што градиме и создаваме го правиме со цел Велес да биде по мерка на велешани. Да овозможиме во него да растат и да работата граѓани што својата иднина и иднината на своите деца ќе ја градат тука, во Велес, во Македонија.
Наша обврска е почитувани сограѓани, на нашите деца да им оставиме град со кој ќе се гордеат. Велес заслужува, ние, неговите заштитници да го претвориме во град - лидер, во град – гордост, не само наша, туку и на Македонија.
Додека секој од нас, максимално се вложува во заложбите да придонесе што повеќе за поубава иднина, додека секој од нас, се буди со мислата дека денес е денот кога треба да сторам нешто добро за својот град, додека секој од нас легнува убеден дека Велес мирно ќе спие, нашата иднина ќе биде светла и просперитетна, а нашите наследници ќе бидат горди на нас.
Нека е честит и вековит Денот на Општината 9-ти Ноември.
Нека го чува нашиот патрон и заштитник Св. вмч. Пантелејмон и Вашата љубов.
Да живее Велес, да живее Република Македонија.
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес