69 години слободен Велес

Со положување цвеќе на Спомен костурницата од НОВ од страна делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Славчо Чадиев, на ОО на Сојузот на борци од НОАВМ Велес, АРМ, преставници од збратимените градови, институции, здруженија на граѓани и политички партии на 08.09.2013 година започна одбележувањето на 69-годишнината од ослободувањето на Велес.

Градоначалникот Славчо Чадиев потоа во просториите на локалната самоуправа имаше прием и средба со пристигнатите гости од повеќе збратимени градови при што изрази големо задоволство од досегашната соработка и пријателството кое постои подолго време.Во рамките на одбележувањето на празникот на општината, беше поставен и камен-темелник на пешачки мост кој ќе ги поврзува улиците Методија Андонов Ченто и Тодор Христов Офицерчето. Овој мост значително ќе го намали потребното време за пристигнување на граѓаните до општината, институциите и до своите домови.

Празнувањето продолжи и со предавање во употреба на реконструираната котлара на средното хемиско училиште „Димитрија Чуповски” и гимназијата „Кочо Рацин”. Реновираниот топловодниот систем ќе овозможи подобри услови за 1.600 ученици и за вработените во двете средни училишта.

На свечената седница на Советот на Опшина Велес што се одржа во салата Бели мугри, по повод празникот на градот, голем број индивидуалци, здруженија, институции се закитија со пофалници, благодарници и спомен плакети, за особен придонес и афирмација на градот.

Чествувањето беше заокружено со изложба на делата создадени на сликарско – копаничарската колонија „Папрадишки мајстори 2013“ и концерт на Ансамбал Керамичар по повод 59 години од неговото основање.

Денес (09.11.2013) во народниот театар ЈХК Џинот на Драган Спасов Дац вечено ќе му биде врачена добиената актерската награда за 2013 година „Петре Прличко”.