Започна реконструкцијата на подот и фасадата во Гимназијата

Денес (07.11.2013) започна втората фаза од реконструкцијата на зградата на „Гимназијата Кочо Рацин” и ССОУ „Димитрија Чуповски”. Со овој проект предвидено е поставување на нова фасадата која ќе биде енергетска ефикасна. Исто така при реконструкцијата ќе се замени и подната конструкција со современ висококвалитетен под. Целиот проект чини вкупно 9.000.000 денари. Средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија и од Банката за развој при Советот на Европа. Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев, денес заедно со директорот и професори од училиштето присуствуваа на отпочнувањето на градежните работи.

Од страна на градоначалникот беше изразено задоволство од реализацијата на овој проект кој претставува исполнување на она што беше ветено во претходниот период. Намерата на Општината Велес во иднина ќе биде токму во насока на инвестирање и подбрување на квалитетот на целокупниот воспитно-обрзовен процес.